Фестивал Тумба Фест

Фестивал Тумба Фест, Фестивал на новосоздадена македонска шегобијна песна, традиционална меѓународна манифестација, која на широко е прифатена од голем број на автори и изведувачи на народна музика. Фестивал на кој се пее на Кумановскиот дијалект, но и на други дијалекти. Фестивал чија цел е сочувување на традицијата но и создавање на трајни вредности од областа на народната шегобијна песна. Фестивал единствен од ваков вид во светот на кој на еден шегобиен начин се претставуваат актуелните и традиционалните односи во општеството во кое живееме. Голем број од песните на фестивалот се обнародени и не може да се замисли свадбена или друг вид на веселба на која не се изведуваат песни од фестивалот.