За нас
Нашата приказна започнува 2014 година со истражување, идентификација, собирање, архивирање, преработка и промоција на историското културно наследство од Североисточниот регион на РСМ.
Историја
- 2021 – Фестивал "Распеано детство"
- 2019 – Фестивал "Тумба Фест"
- 2018 – Вечерен Танц на Куклите
- 2017 – Документарен Етно Филм "Камените Кукли Раскажуваат"
- 2015 – Митровденска Вечеринка
- 2015 – Фестивал "Денови на Балканска Етно Ризница"
- 2015 – Шопска Свадба
- 2014 - Трилогија од изворни народни фолк мелодии од Североисточниот регион на РСМ
Нашата приказна започнува 2014 година со истражување, идентификација, собирање, архивирање, преработка и промоција на историското културно наследство од Североисточниот регион на РСМ, активност која е основна дејност на Етно Ризница која се одвива континуирано. Понатаму се редат многубројни активности, издавање на носачи на звук со стари изворни народни фолк мелодии во нови етно и класични аранжмани кои по прв пат се појавуваат пред пошироката јавност, организирање на манифестации и фестивали: Митровденска Вечеринка, Фестивал Денови на Балканска Етно Ризница, Манифестациите Шопска Свадба и Вечерен Танц на Куклите, возобновување на фестивалите кои се бренд на Куманово Тумба Фест и Распеано Детство, изработка на видео записи, документарен филм Камените Кукли Раскажуваат …
Соработка со голем број на невладини организации, институции од областа на културата и заштита на културното наследство (Музеи, Центри за култура, Фондации …) локални самоуправи, општини, министерства, државни агенции од областа на културата и туризмот и.т.н.
Соработка со Ромската, Српската, Еврејската, Албанската, Бугарската и Влашката заедница.