Шопска Свадба, меѓународна манифестација која се одржува на локалитетот Камени Кукли во село Куклица Кратовско, по сите обичаи и адети на организирање на свадби од минатото. Манифестација која има за цел да на еден оригинален начин, со организирање на свадба со вистински младенци, ни го покаже културното наследство на Шопите од Североисточниот регион, но и на оние кои се населени на централниот дел на Балканскиот полуостров, Шопите од Србија и Бугарија.