Митровденска Вечеринка
Митровденска Вечеринка се одржува во Саат Кулата во Кратово, традиционална манифестација на која покрај одржување и сочувување на традицијата се врши и идентификација и собирање на историското културно наследство од Североисточниот регион на РСМ во вид на изворни песни, досега необјавени, кои понатаму се преработуваат и се поставуваат на носачи на звук, и на тој начин ги сочувуваме од заборав и ги доближуваме до пошироката јавност. Песните ни ги соопштуваат стари песнопојци кои истите ги наследиле од своите предци и биле пренесувани од колено на колено.