6 + проекти

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА КУЛТУРАТА, ЈА НЕГУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА, ГО ЧУВАМЕ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Здружение “Етно Ризница” Куманово е здружение чија визија и мисија е промоција на културата и културното наследство од северноисточниот регион на Република Северна Македонија

За нас

Култура и Традиција

Здружението за уметност, култура и заштита на културно наследство Етно Ризница од Куманово работи на полето на зачувување на историското културно наследство од североисточниот регион на Македонија. Соберени се преку 200 стари подзаборавени изворни народни песни од кои голем број досега необјавени. Работиме на нивно возобновување со цел да се најдат на носачи на звук и се врши нивна промоција преку најразлични форми на активности – преку медиуми, на манифестации и фестивали, преку изработка на видео записи …

Дел од песните веќе добија и свои преработки во поинакви жанрови – класични, џез и оперски верзии и истите се прифаќаат од пошироката јавност. Оваа истражувачка дејност се врши континуирано веќе цела деценија, и продолжуваме и понатаму да копаме по богатото наследство кое ни го оставиле нашите предци, со цел зачувување на културата и традицијата за идните генерации.

Работиме на полето на организација на голем број на манифестации и фестивали како што се:

  • Фестивал на новосоздадена македонска народна шегобијна песна Тумба Фест
  • Фестивал на детска песна Распеано Детство
  • Фестивал Денови на Балканска Етно Ризница
  • Манифестација Шопска Свадба
  • Манифестација Вечерен Танц на Куклите
  • Манифестација Митровденска Вечеринка

Сите манифестации и фестивали имаат меѓународен карактер, прераснаа во традиционални активности, и се општо прифатени од голем број на посетители и љубители на културата.

Снимивме документарен етно филм Камените Кукли Раскажуваат кој ја покажува богатата културно историска вредност и традиција на населението од нашиот крај, но и придонесува за културно и туристичко промовирање на локалитетот Камени Кукли во село Куклица Кратовско како неодминлива дестинација на секој турист кој ги посетува нашите краишта.

Активностите на здружението се препознаени од голем број на институции кои се занимаваат со култура, етнологија, туризам, од локалните самоуправи на североисточниот регион на РС Македонија, од здруженија и фондации, од Министерството за Култура на РСМ, од агенцијата за подршка на туризмот, од Институтот за Фолклор …

И понатаму неуморно работиме на полето на истражување, забележување, идентификација, сочувување и промоција на историското културно наследство на Североисточниот регион на РСМ и на создавање на нови трајни вредности на полето на културата.

Куманово и Кратово
denovi-na-balkanska-etno-riznica
детски фестивал

РАСПЕАНО ДЕТСТВО

На 27 мај 2022 година ќе се одржи XVII по ред Фестивал на Детска Песна “РАСПЕАНО ДЕТСТВО” во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово.

Аудицијата за Фестивалот е во тек, заради пандемиските услови во кои живееме аудицијата се организира он – лајн, сите заинтересирани потенцијални учесници потребно е да достават видео клип со испеана песна по свој избор, а за подетални информации да се обратат на следниве телефонски броеви:

078 26 36 99 или 070 67 18 15

Фестивалот е еден од најстарите детски фестивали во нашата земја, а оваа година се подготвува негово спектакуларно издание со учество на голем број на циркуски артистички точки, кловнови со ликови на познати детски јунаци и многу други изненадувања.

Дечиња, пеачи, идни ѕвезди на музичкото естрадно небо, побрзајте со пријавувањето, бројот на учесници е ограничен.

Events

We organize inclusive events for Women & Girls

наша цел
Да влиејаеме на луѓето, движењата и организациите со цел да се сочува и негува историското културно наследство.
Наши помагатели
Want to make a difference?

Help us raise money for our humanitarian causes