ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ,,ФРАГМЕНТИ ОД МОЈАТА ФАНТАЗИЈА,,

Во организација на Здружението за култура и заштита и унапредување на животната средина НАТУРО од Куманово, и Уметничкиот раководител Г-дин Александар Стефановски, а под покровителство на Советот на Општина Куманово и Градоначалникот Максим Димитриевски, на 07 март 2024 година се одржа Детската Ликовна Колонија “ФРАГМЕНТИ ОД МОЈАТА ФАНТАЗИЈА” на тема “МАЈКА: ИЗВОР НА ЉУБОВ И СПОКОЈ” ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ Ден на жената.
Учесници беа ученици од 6 основни училишта од Куманово.
Колонијата се одржа во просториите на ООУ “Магдалена Антова” која ја проследи и Претседателката на Советот на Општина Куманово Г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска, и Раководителот во секторот за култура на Општина Куманово Г-дин Александар Крстевски.
За најдобро изработена ликовна творба беше прогласено на Стефанија Лазаревска VIIIв одд од ООУ”11 Октомври” кое традиционално остана како поклон од колонијата во училиштето домаќин.
Благодарност до Директорот на ООУ ,,Магдалена Антова,, Г-дин Живко Стојковски за отстапениот простор за одржување на колонијата и укажаното гостопримство