ДЕНОВИ НА БАЛКАНСКА ЕТНО РИЗНИЦА 2022

НВО Дневен центар Доза Среќа
се чувствува благословено во Куманово.
3. ноември у 23:26 · Куманово ·
Етно Ризница ви благодариме на поканата и на преубавата вечер ❤️
….распеани, разиграни,……среќни…душа полна…

„ДЕТСКАТА ФОЛК БИБЛИОТЕКА“ ДОПАТУВА НА “БАЛКАНСКА ЕТНО РИЗНИЦА 2022“
Ново патување, реализираше „ДЕТСКАТА ПАТУВАЧКА ФОЛК БИБЛИОТЕКА“, со учество на Фестивалот „Денови на Балканска Етно Ризница 2022“ во Куманово. Во рамките на седмото издание на музичкиот настан, во организација на Етно Ризница Куманово, „ФОЛКОНИКА“ приреди одлично музичко доживување за присутните. Особено, радост донесе, присуството на децата со Даунов синдром, членови на Дневен центар “Доза среќа”- Скопје, кои се добри пријатели на ФОЛКОНИКА и МЕДИА КОНСАЛТИНГ – КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, која го менаџира спроведувањето на Проектот. Свои музички изведби, на изворни народни песни имаше Душко Георгиевски, реномиран фолк уметник, кој во улога на претседател на „ФОЛКОНИКА“, ги поздрави присутните, изразувајќи голема благодарност за поканата, ДЕТСКАТА ПАТУВАЧКА ФОЛК БИБЛИОТЕКА“ да биде дел од овој Фестивал. Воедно, се осврна на значењето да се работи на полето на зачувување на народната фолклорна музичка традиција. Тој ја претстави првата музичка фолк сликовница, преку изведбата на насловната песна „Слушам кај шумат шумите“, во придружба на децата од „Доза среќа“, кои ги покажаа, уште еднаш, своите одлични музички квалитети. Изворната музика донесе одлично расположение за децата и присутните, кои потврдија дека мисијата на Проектот успешно се исполнува, со ова претставување, во уште еден град, на една нова патувачка фолк дестинација. Негувањето на музичкото фолклорно богатство е значајно за зачувување на нашиот национален културен идентитет, затоа треба да продолжат да се реализираат вакви манифестации. Особено, треба да се поздрави покровителството и поддршката на вакви музички настани, на Општина Куманово. “Денови на Балканска етно ризница 2022” се одржува традиционално во рамки на манифестацијата Ноемвриски Денови на Општина Куманово.

Учествуваа и:
Нацка Славкова, Ристо Краповски, Аце Трифуновски, Влатко Алексовски и Нино Величковски