ТУМБА ФЕСТ 2022

„Еj, Јовке Кумановке, Испод мира триста вира“ –на Првата програма на Македонската телевизија – фолк-фестивал – „Тумба фест 2022“
Вреди да се биде на фреквенцијата на Првата програма на МТВ. Ќе ве пречека популарниот фестивал на шегобијната македонска фолк-песна „Тумба фест 2022“, кој на 31 август, успешно, по 10. пат се одржа во Куманово, најшегобиен македонски град.                Сè што се случуваше на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе го видите на малите екрани. А, нема да останете ни за трошка рамнодушни, бидејќи ќе се насмеете и уживате во шегобијните песни со:
Благица Павловска (Мистер Кире берберот), Миле Кузмановски (Песна за баба Цану),многу згодната гостинка од Бугарија Румиана Попова (Лепота се цени),Петар Нечоски (Ние Охриѓаните), Нино Величковски (Еј, Јовке Кумановке), Елена Велевска (Ленче и Зона), Ристо Краповски (Комшике убава), Мирослав Крстевски (Испод мира триста вира),Анета Наковска (Маратонец), Душко Георгиевски (Песна наша)….
Победници се сите учесници! Награда за „Животно дело“ заслужено ја доби пријателот на фестивалот, познатиот македонски ТВ-новинар и текстописец од Струмица, Ѓорѓи Калајџиев, а за најслушана песна помеѓу двата фестивала беше прогласена ,,Чаршија да знае,, во исполнение на Анета Мицевска – Молика,,
И во овие невремиња, од Куманово низ нашата планета се разлеа песната, која по сè е специфична и поразлична од другите фестивали. Домаќинот на фестивалот, на чија адреса ги упатуваме сите пофалби за беспрекорна организација , господинот Драган Јаким-Митевски од „Етно-ризница“, гордо истакнува дека 18 интерпретатори пеат на повеќе македонски дијалекти. И тоа не само на кумановскиот „јазик“, со што „Тумба фест“ e единствениот фестивал на нашата планета кој ги афирмира дијалектите како историско и културно наследство на Македонците.